Сузбиена меѓународна организирана криминална група, спречен шверц на 105 килограми кокаин во Грција, организиран од македонски државјани
На 08 и 09.05.2023 година од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Оддел за криминалистичка полиција во соработка со Службата за борба против дрога од Солун, Република Грција реализиран е случај на недозволена трговија со наркотична дрога кокаин, при што во Солун се запленети 105 килограми кокаин и лишени се од слобода 10 лица, и тоа 7 лица државјани на Република Грција и 3 лица државјани на Република Албанија, додека во Република Северна Македонија се лишени од слобода 4 лица, државјани на РСМ.
Случајот е реализиран како резултат на повеќемесечна размена на информации и веќе успешно воспоставената соработка со Службата за борба против дрога од Солун, за лица кои како членови на меѓународна организирана криминална група преземале низа на дејствија со цел набавка и пренесување на наркотична дрога кокаин од Еквадор до пристаништето во Солун, со намера потоа кокаинот да биде дистрибуиран во повеќе земји.