More

    ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ треба веднаш да си поднесе оставка и да замине, откако јавно призна дека поддржува кршење на процедурите и на законите

    spot_img

    Вицепремиерот Бојан Маричиќ треба веднаш да си поднесе оставка и да замине, откако јавно призна дека поддржува кршење на процедурите и на законите, изјави Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    – Тој не е достоен за таа позиција која што ја обавува во овој момент и за парите кои што ги троши на граѓаните, односно даночните обврзници во Македонија – додаде Мицкоски.

    Лидерот на опозицијата го кажа ова во одговор на прашање за вчерашната изјава на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, којшто призна дека се злоупотребува европското знаменце за носење на законските измени за коридорите 8 и 10Д.

    Мицкоски истакна дека Маричиќ покажал и докажал дека проектот за изградба на дел од коридорите 8 и 10Д, којшто силно го форсираат „владата на ДУИ поддржана од помалиот коалиционен партне, СДСМ“, не претставува ништо друго освен еден голем криминален епски потфат на оваа влада.

    – Tој таму е поставен за да ги почитува законите и процедурите и тоа е многу важно. А тој, пак, јавно признава дека поддржува кршење на процедурите и треба да е свесен дека еден ден, а тој ден е сѐ поблиску, ќе има и одговорност за таквото однесување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img