More

    Пендиков го доби пасошот на церемонија со највисоки почести

    spot_img

    „Пасошот ме прави бугарин колку возачката возач. Тоа е формално правен документ“.

    Вака изјави охриѓанецот Христијан Пендиков, секретарот на бугаскиот клуб Цар Борис III  на денешната свечена церемонија на која му беше доделен бугарски пасош од страна потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

    На церемонијата со највисоки државни почести Јотова го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло.

    – Голема чест ми е што ти ги дадов бугарските документи. Од денес ти си заштитен од бугарската држава и ќе ги имаш правата секој Бугарин и од денес си граѓанин на ЕУ. Во основата на уставот е вербата во човечките вредности, во слободата и рамноправноста. Врховниот закон вели сите да ги почитуваме правата на индивидуата – истакна потпретседателката на Република Бугарија – му се обрати таа на Пендиков.

    На преносот во живо на Бугарското национално радио на Фејсбук коментарите се дека Јотова си направила пи-ар со Пендиков, а еден од коментарите е дека пасошот на Бугарија е само формален документ кој ништо не значи.

    – Сакам да им се заблагодарам на претседателот на Република Бугарија, на заменик-претседателот, на сите министерства, кои ми помогнавте, на сите пријатели. Благодарност до полицијата, која секојдневно се грижеше и сè уште се грижат за мојата сигурност затоа што ме заплашуваат. Сакам да му се заблагодарам и на докторот кој уште ми помага, како што им помага и на македонските Бугари, кои се трудат за нашата кауза – рече тој.

    Пендиков, беше нападнат и претепан во Охрид наводно поради тоа што се чувствувал како Бугарин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img