More

    Девојчињата од Струмичко не биле исплашени што се загубиле

    spot_img

    Ученичките кои се загубија вчера во Скопје, ќе бидат суспендирани од сите планирани училишни екскурзии, изјавил за „Фокус“ директорот на основното училиште „Гоце Делчев“, Стево Божинов.

    На училишен Совет во ОУ „Гоце Делчев“  од Босилово ќе се одлучува какви постапки или дисциплински мерки ќе бидат преземени за ученичките кои се загубија на екскурзија во Скопје, вчера.

    Наставничката ги оставила пред „Веро Џамбо“, каде им дала слободно време за да прошетаат самостојно.

    Според кажувања на роднини на девојчињата не биле исплашени дека се загубени, а првпат биле во Скопје. Имале постари телефони на кои најверојатно додека патувале им се испразнила батеријата и затоа не можеле да се јават.

    – Зошто кренавте толкава паника, ние имавме пари, ќе си фатевме такси и ќе си дојдевме – им рекле девојчињата на загрижените родители.

    Повеќе од осум часа траеше агонијата на родителите чии девојчиња вчера се изгубија во Скопје, за време на екскурзија организирана од нивното основно училиште.

    Девојчињата на возраст од 12 и 14 години биле пријавени во полиција за изгубени околу 16 часот. Нивната наставничка пријавила дека последен пат биле видени во Веро Џамбо, каде биле да ручаат во ресторан по посетата на Саемот на книга.

    Полицијата ги пронашла ученичките десеттина минути пред полноќ во близина на Стара рампа. Тие биле во добра состојба, но полицијата не открива други детали.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img