Зеленски вели дека е крајно време да се отстрани неизвесноста

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска ја повика Европска Унија да одлучи да ги отвори претпристапните преговори со Украина.

– Одамна е време да се отстрани оваа вештачка политичка неизвесност во односите помеѓу Украина и ЕУ. Дојде време да се донесе позитивна одлука за отворање на пристапните преговори, истакна Зеленски во Киев на заедничката прес-конференција со претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.

Тој исто така ја повика ЕУ да ја забрза испораката на артилериска муниција во Украина.

Зеленски и се заблагодари на Фон дер Лајен, кој е во посета на Киев на Денот на Европа, за европската одлука да испорача „еден милион гранати“ во Украина, но тој инсистираше на распоред за достава.

– Разговаравме за клучното прашање: брзината на снабдување и испорака на оваа муниција. Таа веќе е потребна на бојното поле – посочи Зеленски.

Тој за извозот на украински житарки повтори дека ограничувањата на ЕУ се неприфатливи „бидејќи ги зајакнуваат способностите на рускиот агресор“.

Зеленски вчера со декрет го прогласи 9 мај како Ден на Европа, а не како ден на комеморација на победата над нацистичка Германија, како што се слави во Русија, според советската традиција.

– Ја поздравувам одлуката на претседателот Зеленски да го прогласи 9 мај за Ден на Европа. Украина е дел од нашето европско семејство – рече Лајен.

Таа додаде дека нејзиното присуство во Киев по повод 9 мај е симболично, но и дека тоа е знак дека „ЕУ работи рака под рака со Украина за многу прашања“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article