More

    Потребно е да се зборува и да се зборува со децата

    spot_img

    Забраната на ТикТок краткорочно ќе даде некаков ефект, меѓутоа дури и властите да се решат на таков чекор, не можеме да останеме на тоа и да мислиме дека сме го решиле проблемот, смета проф. д-р Ана Фрицханд, раководителка на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје, во однос на евентуалната забрана или ограничување на употребата на апликацијата за учениците.

    – Не, нема да го решиме проблемот, зашто ќе најдат некоја друга социјална мрежа и друг начин како да пристапат ако веќе сакаат. Затоа што се прилично снаодливи. Посебно кога се работи за адолесценти и предадолесценти. Тоа е период кога се бунтуваат против авторитетите, и ако им браните нешто, го прават спротивното за да ви покажат дека може да ја заобиколат вашата забрана – вели Фрицханд, одговарајќи на новинарско прашање во однос на размислувањето на надлежните институции за рестрикции на апликацијата.

    Таа додаде дека ТикТок и социјалните мрежи предизвикуваат сериозна штета од аспект како се користат и за кои цели односно од она сѐ што им е достапно на децата и на младите. Фрицханд вели дека ако веќе се забранува, што може да даде и добар резултат, веднаш паралелно треба да се работи да разберат зошто е забраната. За да се постигне тоа мора многу да им се објаснува, а тоа бара многу време, вложување, енергија и трпение.

    – Мора да им биде јасно зошто не е во ред да се имитираат модели кои се насилни. Треба да се имаат предвид и развојните карактеристики кај деца од 10-12 години. Ним им е многу важно да добијат социјална награда, потврда, колку пати некој лајкнал на тоа што го постирале, тоа е потреба од внимание. Не можеме да очекуваме од нив однесување како кај возрасните, но затоа треба да се воспостави ред, контрола и граници. Потребно е објаснување дека забраната не е зашто сме авторитет туку затоа што има длабока причина за тоа – додаде раководителката на Институтот за психологија која денеска учествуваше на дебатата за врсничко насилство, организирана од Американскиот Универзитет на Европа – ФОН.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img