More

    Куманово се сеќава на загинатите и на преживеаниот хорор

    spot_img

    Денеска се навршуваат осум години од оружената престрелка меѓу полицијата и вооружена терористичка банда забарикадирана во кумановскaта населба „Тоде Мендол“, попозната како „Диво Насеље“. Во акцијата, која се водеше два дена загинаа осум припадници на безбедносните сили, а во уличните борби низ тесниот и густо населен урбан дел на приградската населба во Куманово беа повредени уште 37 други полицајци.

    Полициска акција за разбивање на вооружена терористичка група започна рано утрината во 04:30 часот во саботата на 9 мај. Тоа длабоко ги вознемири кумановци, како и целата македонска јавност, која беше информирана во детали за текот на акцијата. Граѓаните и наредниот ден слушаа рафали, се гледаше црн чад, градот го надлетуваа хеликоптери. Престрелките со различен интензитет траеја 28 часа.

    Акцијата заврши со целосно неутрализирање и елиминирање на терористичката група, од која дел им се предадоа на македонските власти уште во текот на вечерта во саботата на 9 мај. Од страната на терористите на лице место беа пронајдени 14 мртви тела во униформи.

    Настаните во Куманово се случија во период на сериозна политичка криза во Македонија и во период кога, од 5 мај, започнаа антивладини протести, а некои тогашни опозиционери најавуваа дека се подготвува таков инцидент со цел да се одврати вниманиeтo на јавноста од актуелните политички настани.

    Во првичните разговори со лицата, кои ѝ се предадоа на полицијата, било констатирано дека цели на групата биле напади на државни и цивилни цели, кои би започнале со спроведување од средината на мај.

    Упасените се гонеа за дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“. Од 37 обвинети, 33 беа осудени за делата, а за четири лица е донесена ослободителна пресуда. За седуммина беше изречена казна од доживотен затвор.

    По изречените казни, во Скопје се организираше протест во знак на поддршка на обвинетите, а во Косово беше запалено македонското знаме од револтирани граѓани. Исто така, Владата на Косово додели вкупно 219 илјади евра за помош на семејствата на осудените во случајот.

    Косовските власти подолго време бараат осудените да бидат префрлени на издржување на затворската казна во Косово, затоа што во македонскиот затвор „Идризво“, наводно, биле изложени на тортура и нехуман третман. Деновиве македонскиот министер за правда Кренар Лога во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека се комплетира документацијата за префрлање на кумановската терористичка група во Косово, што предизвика гневни реакции во македонската јавност.

    Жителите на населбата „Тоде Мендол“ денеска веќе живеат нормален живот. Во уличката каде се водеа борбите остана да сведочи една куќа која сè уште има вдлабнатини од куршумите. Останатите куќи веднаш по настанатите, беа реконструирани.

    Во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово денеска, во организација на група бранители од Куманово, ќе се одржи панихида во чест на осумте загинати припадници на безбедносните сили, Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст.

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил објави статус за годишнината од трагичните настани во Куманово.

    „Судските архиви сведочат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“, така што овој крајно вознемирувачки и трагичен настан засекогаш ќе остане во колективната меморија на кумановци како голема траума, а граѓаните од целата држава ќе паметат дека нарачателите не ја остварија својата цел да ја одржат неизвесноста во која режимот ги држеше во заложништво државата и граѓаните. Хероите живеат вечно! Никогаш да не се повтори!“ – напиша Спасовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img