More

    Можни се провокации за утрешната прослава на победата над фашизмот?

    spot_img

    Русија можеби подготвува провокации кон своите граѓани, или можен напад со лажно знаме во Белорусија за утре, 9 мај, Денот на победата на советска Русија над нацистичка Германија, обзнани во информативна емисија Андриј Јусов, претставник на одбранбеното разузнавање на Украина, пренесува ЈахуЊуз.

    – Русија на 9 мај можеби подготвува провокации… Од 2014 година окупаторите користат ваква провокација, а можно е и сега да наидеме на неа. Никој во Украина или остатокот од светот повеќе нема да верува во ваквите настапи. Сепак, тоа не значи дека нема да има провокации – додава Јусов.

    Ваква нервоза не сум видел

    Снимката од двата дрона кои нападнаа купола во дворецот Кремљ ја стави Москва на работ, пишува Гардијан. Руските власти ја забранија употребата на беспилотни летала и почнаа да ги заглавуваат ГПС-сигналите. Па така, кога сега московјаните викаат такси апликацијата им покажува дека таксито е во реката Москва.

    Исто така, на полицијата ѝ беа доделени двогледи за да ги надгледува можните дронови.

    – Постои нервоза каква што досега не сум видел – рече еден функционер во канцеларијата на градоначалникот на Москва.

    – Но, Денот на победата мора да продолжи, нема друга опција – додаде тој, говорејќи под услови на анонимност.

    Во градовите каде што ќе се одржат парадите, експертите велат дека внимателното читање на прославите веројатно ќе го покаже напорот и штетата што војната ја нанесе на војската.

    – Повеќето од воените паради ќе имаат само регрути кои маршираат бидејќи сите војници со договор се во Украина – рече Дара Масикот, висок истражувач за политика во корпорацијата Ранд.

    Русија уште утринава го возврати ударот

    Кога Владимир Путин утре ќе излезе на сцената на Црвениот плоштад, неговите зборови ќе бидат засенети од нападот со два дронови кои нападнаа купола од дворецот Кремљ. Истовремено, во клучниот Бахмут, лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин во последен момент се премисли да остане на фронтот, откако по заканите Москва мораше да му вети нова муниција за платениците.

    Утринава Москва го возврати ударот со жестоки напади во Киев, но и во Одеса. Русија ги евакуира градовите околу најголемата нуклеарна централа во Европа во Запорожје. Москва евакуираше 1.680 граѓани. Повеќе од десетина градови и села беа евакуирани.

    Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека најмалку пет лица се ранети во тој град и дека се оштетени складишта за гориво, автомобили, згради и инфраструктура.

    Генералштабот на украинските вооружени сили истакнува дека се изведени вкупно 61 воздушен напад и 52 напади од тешки ракетни системи.

     

     

     

     

    Шест руски региони ги откажаа прославите

    Дури и пред нападот со беспилотни летала врз Кремљ, имаше знаци на вознемиреност кај руското раководство поради прославите поради стравувањата од украински напади. Најмалку шест руски региони ги откажаа прославите, а еден регион оддалечен 640 километри од границата беше последниот што беше откажан.

    Путин дури годинава реши лично да разговара со неговиот Совет за безбедност во врска со подготовките, нешто што не е вообичаено за претседалот на државата.

    – За Путин, ова е убедливо најважниот настан во годината – рече Андреј Колесников, виш соработник во Карнеги фондацијата за меѓународен мир, со седиште во Москва.

    Аврил Хејнс , една од најмоќните жени во светот, бидејќи е директорка на сите американски разузнавачки агенции, на сослушувањето пред Комитетот за вооружени служби на Сенатот, на крајот од минатата недела, рече дека нема доволно информации за да се потврди дека Украина е одговорна за нападот со дрон врз Кремљ.

    Воени експерти, анализирајќи ја снимката што Русија ја објави во медиумите, без сомнение заклучија дека Киев не е одговорен и дека најверојатно станува збор за неуспешен обид на руската тајна служба да лажира напад.

    Русија сака да го освои Бахмут до утре!

    Русија го засили гранатирањето на Бахмут со надеж дека ќе го освои до утре, Денот на победата, изјави Олександр Сирски, командант на копнените сили на украинската армија.

    Тој нагласи дека Украина ќе направи сѐ за да го спречи тоа, пренесува Ројтерс.

    Сирски, по посетата на украинските војници долж линијата на фронтот во Бахмут, рече дека руските сили го зголемиле интензитетот на гранатирањето од тешко оружје во таа област.

    – Сега почнаа да користат посовремена опрема и да ги прегрупираат војниците – рече Сирски.

    За Бахмут, град во источна Украина, со месеци се водат жестоки борби меѓу руските и украинските сили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img