Овогодинешните евровизиски изведувачи беа пречекани вечерва на тиркизниот тепих во Ливерпул на официјалното отворање на манифестацијата, кое ќе заврши во сабота.
Церемонијата на тиркизниот килим на која прошетаа сите 37 изведувачи беше отворена попладне во градот кој се подготвува да биде домаќин на натпреварот наместо Украина.
Евровизиските фанови наредени на едната страна од тепихот вееја знамиња и шалови во знак на поддршка на нивните земји.
Првото полуфинале на Евровизија ќе се одржи во вторник, второто во четврток, а финалето во сабота.