More

    Сакате да се ослободите од надуеноста? Диететичарот открива што може да ви помогне во тоа

    spot_img

    Надуеноста е многу непријатна состојба која често може да не доведе во неволја, но и да предизвика силна болка која може да го попречи секојдневното функционирање на поединецот.

    Сепак, регистрираната диететичарка Моли Хембри сподели со Eat This неколку работи за кои таа верува дека позитивно влијаат на надуеноста и го спречуваат нејзиното појавување.

    Диететичарот како една од најважните работи го споменува откажувањето од пушење. Како што објаснува, пушењето може да доведе до надуеност на стомакот. Студија чии резултати беа објавени во Скандинавскиот весник за гастроентерологија покажува дека пушењето е поврзано со функционална надуеност и запек.

    Покрај откажувањето од пушењето, Хембри истакнува дека можеме да се ослободиме од надуеноста со избегнување на стресот. Имено, претходните истражувања открија јасна врска помеѓу големите количества на стрес и надуеноста, или воопшто дигестивните проблеми.

    Стресот е особено штетен за оние луѓе кои страдаат од синдром на нервозно дебело црево бидејќи кај нив психичкиот стрес може да создаде грчеви на дебелото црево, што доведува до непријатност, болка и надуеност.

    Диететичарот ја нагласува и важноста од избегнување на оние намирници за кои е познато дека предизвикуваат надуеност. Тоа се најчесто пржена храна, млеко и млечни производи, храна богата со рафиниран шеќер и одредени зеленчуци како брокула, карфиол, бриселско зелје или кељ.

    Исто така, истражувањата покажаа дека надуеноста може да се спречи со избегнување на консумирање газирани пијалоци, без разлика дали се работи за слатки пијалоци или газирана вода со вкус. Јаглерод диоксидот во овие пијалоци го зголемува волуменот на желудникот и ги стимулира рецепторите за истегнување, што доведува до непријатност во епигастриумот, познат како надуеност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img