Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер во саботата го добија своето трето дете.
Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер добија трет син, а Лука и Леон брат. Како што пренесуваат медиумите, поранешната тенисерка број еден во светот се породила денеска претпладне.
Ана и Бастијан се во брак од 2016 година. Тие го добија Лука две години подоцна, а Леон во 2019 година.