МОН ќе предложи на владина седница да се направи итна проценка на состојбите и безбедносните ризици кои се потхрануваат од одредени социјални мрежи како тик-ток

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонското министерство за образование (МОН) ќе предложи на владина седница да се направи итна проценка на состојбите и безбедносните ризици кои се потхрануваат од одредени социјални мрежи како тик-ток.

Причина за тоа се случувањата во соседна Србија со цел намалување на сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците во училишна средина, информира министерот за образование Јетон Шаќири.

„Тие социјални мрежи не треба да се користат во училишна средина. МОН изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, за да се намалат ризиците. Ги повикувам сите наставници, како и родители, на поотворен дијалог, надминување на шокот и неверувањето, промоцијата на разбирањето и позитивните согледувања, со цел да се помогне на своето дете, како и на децата околу нас, бидејќи тие се најзагрозената категорија во моментот“, соопшти Шаќири.

Министерството соопшти дека веќе се прават консултации со експерти од неколку институции и факултети за да се зајакнат превентивните програми за борба против булингот и насилството.

Share This Article