Полицијата ги приведе и роднините на убиецот, односно чичкото и дедото со кои младиот Урош Б. се криел во селото Вињиште кај Младеновац, каде пробал да се сокрие на својот пат кон Крагуевац, но беше фатен од полицијата.
Според информациите, во скривницата на куќата биле пронајдени четири бомби, кои специјалните сили ги одзеле и однеле со себе, пишува српска Нова. Семејството инаку се подготвувало за прослава на крштевната слава на Ѓурѓовден.
Урош го биел лош глас во селото. Тој бил познат и по тоа што се изживувал со животните на соседите, причина поради која тие не сакале да зборуваат со него.
– Убиваше кучиња во селото, пријавивме, но продолжи да го прави тоа – изјавија за Телеграф жителите на селото кај Младеновац.
Урош претходно бил апсен за кражба, потоа за нелегално поседување оружје, но и за шлаканица која му ја удрил на полицаец. Никогаш не бил осудуван.
Луѓето на социјалните мрежи забележаа фотографија на неговиот Инстаграм, на која, меѓу другото, имаше и морничавата порака „Прангиам на кеца“, пишува Нова. Тој објави и видео како се капе во замрзнато езеро или река, на кое го означи осудуваниот криминалец Кристијан Голубовиќ и на кое вели дека е „малиот Кристијан“.
Урош Б. синоќа уби осум лица, а рани 14 на три локации во Србија притоа патувајќи во такси-автомобил. Тој ја вперил автоматската пушка во таксистот и му рекол да го вози. Му се заканил и со бомба.
Видовме дека сите лежат еден врз друг
Немања Игњатовиќ, жител на селото Дубона кај Младеновац, каде што се случи страотниот масакр, во моментот на пукањето бил на неколку стотини метри од местото каде што се случило злосторството.
– Бевме во куќата кога се слушна истрел. Видовме дека сите лежат еден врз друг. Таткото на мојата девојка тргнал по него, пукал но промашил и побегнал. Почнавме да ги извлекуваме децата и да ги ставаме во автомобилот. Во меѓувреме пристигнала брзата помош која констатирала дека братот и сестрата се мртви. Страшно – вели Игњатовиќ, кој во моментот на масакрот бил во куќата спроти училишниот двор каде што започнал масакрот.
Се смета дека Урош веднаш испалил рафал на луѓето кои ја поправале оградата во училишниот двор излегувајќи од возилото.
Го турна брат му за да го спаси, а потоа беше застрелан
Меѓу жртвите кај Младеновац е и момче родено 2008 година. Како што изјавија за Нова жителите на Орашје, селото од каде започна сè, момчето загинало обидувајќи се да го заштити својот брат од смртоносен куршум.
– Тоа несреќно 15-годишно дете го виде убиецот како оди со пушка. Во тој момент бил до брат му. За да го заштити од убиецот, момчето го турна на страна и потоа беше застрелан – раскажува низ солзи жителот на Орашје, кого го најдовме на лице место.
Како што ни рекоа, во тоа село живее и една баба, чии внуци се жртви на крвавиот масакр. Луѓето не знаеле како да ѝ кажат на бабата дека останала без своите најблиски.
Синот им почина во рацете
Роднината на жртвата Д.Т., жртвата на страотниот масакр што се случи во селото Дубона кај Младеновац, посочува дека несреќниот млад човек се здобил со смртни повреди во масакрот.
– На неговите родители им било кажано само дека имало пукање во центарот, а знаеле дека тој е таму. Веднаш отишле таму, го извлекле синот кој во тој момент бил жив. Тргнаа со автомобил за да го пренесат во болница, но тој почина во нивните раце – изјави за Нова.рс роднина на жртвата.
„Помина покрај нив додека ја поправаа оградата и ги застрела“
Роднините на тинејџерката Н.П.(19) повредена во масакрот што се случи синоќа во селото Дубона кај Младеновац, истакнуваат дека таа е во стабилна состојба и дека синоќа била оперирана. Во интервју за Нова тие велат:
– Нашето девојче преживеа, вчера беше оперирано и сега е во стабилна состојба. Таа е будна. Сите сме потресени од сè. Вчера и се јавиле на снаата од училишниот двор и ѝ рекле дека (ќерката) е повредена. Го повикала сопругот на ќерка ѝ и кога отишол таму видел хаос – вели бабата на повреденото девојче.