More

    Министерот Меџити најавува реорганизација во здравството

    spot_img

    Данска со 6 милиони жители има 122 здравствени институции, додека нашата мала Македонија, „нашата мила држава“ како што ја нарече министерот за здравство Фатмир Меџити, има 1.200 здравствени институции. Кои не може ниту Швајцарија да ги издржи.

    – Овие треба да се спојат. Тоа веќе го правам на Клинички центар. Како лекар што работи таму, кога дојдов на чело на Министерството, веднаш се зафатив со овој проблем, Клиничкиот центар да се спои и трошоците да бидат помали и да има подобра здравствена услуга за пациентите – рече Меџити при посетата на Клиничката болница во Штип.

    Тој најави дека веќе се подготвуваат стратегии за нова реорганизација на здравствените институции и за систематизација на работните места и се пофали дека со неговиот тим веќе подготвуваат и стратегија за задржување на младите лекари во земјава.

    Министерот за здравство сепак изјави дека нема волшебно стапче за веднаш да ги реши проблемите во здравството.

    На новинарско прашање кога штипската Клиничка болница ќе добие одговор на барањето за вработување на 48 лекари и медицински персонал, бидејќи болницата работи со 100 вработени помалку согласно систематизацијата и потребите на одделенијата, Меџити одговори дека тој не е адресата за одговорот, бидејќи секој ден разговарал со министерот за финансии и со премиерот, за да почнат вработувањата во болниците и да се реализираат.

    Откако ги виде просториите во болницата во Штип, во која како лекар бил и порано, Меџити рече:

    – Oва навистина не личи на ништо. Oва е 21 век и ние ќе направиме напори што побрзо новата болница да се заврши.

    Меџити најави дека медицинските сестри ќе добијат покачување на плата од 3.000 денари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img