More

    Се предлага казнената камата да не биде повисока од долгот и застарувањето да се скрати од 10 на 5 години

    spot_img

    Дали конечно ќе се стави крај на неколкукратно повисоките износи за казнени камати од долгот на граѓаните кон одделни фирми?

    Пратеници од партиите на власт велат да ако се донесат измените на законот за облигациски односи и законот за извршување предложени од нив, а кои се веќе во Собранието. Со нив се предлага казнената камата на долговите на граѓаните да престане да тече кога ќе го достигне износот на главнината. Законските измени предвидуваат и скратување на рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.

    – Измените се доставени до собраниските служби и по процедурата за превод ќе бидат објавени од Собранието. Со овие измени ќе им се помогне на граѓаните кои имаат долгови за да не се најдат во состојба да плаќаат повеќекратно повисок износ на казнена камата од долгот, а времетраењето на застареност од 10 на 5 години. Тоа значи намалување на можноста за акумулирање на камата и за оневозможување на енормна заработка од камата. Од друга страна, значи и стимулирање на доверителите за поефикасна и побрза реакција при наплатата – вели координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски.

    Марјан Ненов од невладината „Но пасаран“ кој одамна поднесе сличен законски текст вели дека е добро што пратениците го прочитале нивниот предлог и предложиле измени на двата закона со кои ќе им се олесни на граѓаните.

    – Дали го прифатиле нашиот текст или ова е сосема нов текст, не е важно. Важно е што донесувањето на ваква измена на законот ќе биде од корист на граѓаните кои многу често влегуваат во долгови поради состојбите. Ние предложивме застареноста од правосилната одлука да биде 1 година, но и 5 години, односно намалување за 50 отсто е добро за граѓаните. Сегашното решение од 10 години застареност им даваше можност на извршителите да манипулираат со извршувањето и да го одолговлекуваат, а граѓанинот должник да биде принуден на крајот да плати висока сума за камата која во одредени случаи можеше да биде и 100 пати повисока – вели тој.

    Ненов очекува и пратениците од опозицијата да ги прифатат овие измени.
    – Ако пратениците и партиите се декларираат дека работат во прилог на граѓаните, без разлика дали се од тие на власт или од опозицијата треба да ги прифатат овие измени на законите со кои им се олеснува на граѓаните и на нивниот буџет – вели Ненов.

    Лани во октомври и Народниот правобранител Насер Зибери во Владата достави иницијатива со која се предлага извршителите де не можат да наплаќаат казнена камата неограничено. Идејата на предложените измени е казнената камата да не биде поголема од основниот долг, односно кога каматата ќе ја достигне висината на јавниот долг таа да престане да тече.

    – Со постоечкиот начин на спроведување на извршувањето утврдивме дека се нарушуваше и загрозуваше егзистенцијата на граѓаните, а некои поради затезните камати слободно може да се каже дека запаѓаа во должничко ропство бидејќи не можеа да ги исплатат главницата и каматата – изјави тогаш Зибери.

    Граѓаните велат дека конечно дојде времето некој да помисли на нив и да стави кај на неподносливите камати на долговите.

    – Моето искуство со извршителите за ваков долг е горко. За долг од 112 денари за сметка кон една фирма ми дојде налог за извршување од 10.200 денари. За да биде трагедијата поголема од фирмата не добив никакво известување дека ѝ должам нешто, а морав да платам за извршување, за застапување, за извршни исправи и слично, како што стоеше во документот кој ми го испрати извршителот на фирмата. Барав некако да ми се намали износот, но не беше можно бидејќи законите не даваа. Едвај го платив износот бидејќи тогаш земав приближно толкава минимална плата. Мислам дека ова што го предлагаат пратениците е добро за граѓаните кои секој ден мораат да се задолжуваат за да преживеат. На нивна сметка некој прави профит – вели граѓанин.

    Во 2021 година беа изгласани измени на законот за облигациски односи со кои се ограничуваше и висината на договорната камата која исто така не смее да биде повисока од главниот долг.

    Во 2020 година беа направени и измени во Законот за извршување со кои беа допрецизирани списокот на категории на лица и на примањата кои се изземени од извршување (примање на права на парична помош од социјална заштита, примање на правата за заштита на децата и сл.) со што се воведе ограничување на извршувањето од една третина на една петина од платата или пензијата. Но, поради тоа што немаше промени во делот на казнената камата во пракса во огромен број случаи оваа камата повеќекратно ја надминува висината на главниот долг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img