ОХРИД ДОМАЌИН НА ЈУБИЛЕЈНИТЕ 40-ТИ ДРЖАВНИ НАТПРЕВАРИ НА ЕЛЕКТРОМАШИНСКИТЕ И СООБРАЌАЈНИТЕ УЧИЛИШТА

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вкупно 98 ученици ќе бидат дел од јубилејните 40-ти Државни натпревари на електромашинските и сообраќајните училишта кои ќе се одржуваат денеска и утре во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“. Натпреварите на кои учествуваат 17 државни училишта се организираат под покровителство на Општина Охрид.

На свеченото отворање на настанот, пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

– Ми претставува голема чест, во мое лично име и во името на Општина Охрид да ве поздравам и да посакам успешна реализација на овогодинешните Државни натпревари на електромашинските и сообраќајните училиштa кои се одржуваат по 40-ти пат.

Горди сме што токму Охрид и нашиот Општинскиот електромашински училишен центар „Свети Наум Охридски“ се домаќини на ова јубилејно издание. Ваквите настани се од исклучителна важност за продлабочување на соработката помеѓу училиштата и размена на искуства помеѓу учениците.

Ова училиште е еден од позитивните примери, каде што веќе успешно функционира системот на дуално образование, како еден вид јавно-приватно партнерство помеѓу стручните училишта и компаниитеСо тоа на компаниите им се обезбедуваат квалификувани работници со соодветни вештини, а учениците имаат можност да бидат обучувани директно во компаниите и во реални работни околности.

Токму затоа локалната самоуправа, во текот на изминатиот период реализираше низа инвестиции во објектите на училиштето, со што значително ги подобривме условите за настава. Ваквите инвестиции континуирано ќе продолжат и во иднина, не само во ова училиште, туку и во сите основни и средни училишта во нашата општина.

Напредокот на општините во современи услови не може да се замисли без локален економски развој, а успешното реализирање на овој концепт подразбира создавање поволна клима за деловни активности и инвестирање. Еден од најважните предуслови за развој на индустријата и бизнисот секако е квалификуван и стручен кадар, кој ќе може продуктивно да одговори на потребите на пазарот за работна сила. Можностите за вработување, добрите и платени работни места се основниот предуслов за младите луѓе  да можат да ја гледаат својата иднина тука, во родните места, со што значително би се сопрел процесот на иселување.

Поради тоа сите заедно ќе мораме да продолжиме да се залагаме и да работиме за осовременување на образовниот процес и да ја поддржуваме секоја напредна новина во рамки на наставните програми, истакна Пецаков во своето обраќање.

Натпреварите ќе се одвиваат во десет различни образовни профили од електротехничките, машинските и сообраќајните струки, а паралелно ќе се одржи и натпревар во трудови каде учениците ќе ги презентираат свои проекти.

 

 

Share This Article