More

    Уставниот совет на Франција го отфрли последниот обид на опозицијата преку распишување на референдум да се анулира владината реформа на пензискиот систем

    spot_img

    Уставниот совет на Франција синоќа го отфрли последниот обид на опозицијата преку распишување на референдум да се анулира владината реформа на пензискиот систем.

    Вторпат Уставниот совет ја одбива опозицијата да го задржи старото законско решение за старосната граница за пензионирање на 62, а не на 64 години.

    Дури и да помине новиот предлог на опозицијата, ќе има долг процес за негово спроведување и нема да го одложи стапувањето во сила на реформскиот закон на претседателот Емануел Макрон.

    Уставниот советот утврди дека темата на опозицискиот предлог не е неопходна „реформа во однос на социјалната политика и затоа судиите сметаат дека таа ги исполнува условите“ утврдени со Уставот на Франција.

    Опозициските пратеници, главно од левицата, сакаа да започнат сложен процес за ревизија на законот со надеж дека тоа ќе доведе до отфрлање на исклучително непопуларната пензиска реформа на Макрон, што беше усвоена минатиот месец и покрај огромните протести во земјата.

    Со предлогот се бараше распишување референдум, а работа на Уставниот совет беше да утврди дали се исполнети законските услови за негово одржување. Доколку одговорот беше позитивен, опозицијата ќе имаше девет месеци да собере доволно гласови за распишување референдум, што е 4,8 милиони гласови или 10 отсто од регистрираните гласачи во Франција.

    Сличен предлог опозицијата веќе достави до Уставниот совет, со тоа што сега го смени текстот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img