More

    Зошто не го почитува сопственото Начелно мислење за објавување пресуди за високопрофилни случаи?

    spot_img

    Врховниот суд соопшти дека ги одбил барањата за вонредно преиспитување на пресудата за случајот „27 април“, со што практично ги потврдил одлуките што претходно ги донесоа Основниот кривичен и Апелацискиот суд во Скопје.

    „Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда Квп.Кок2. Квп бр.14/22 со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.40/18 од 15.03.2019 година и на пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ.бр.39/19 од 12.02.2021 година, ги одби како неосновани“, соопштија од Врховен.

    Седницата на Судот траела два дена, почнала на 26 април, а продолжила денеска, 5 мај, кога и била донесена одлуката.

    Инаку, одлуката на петчлениот совет на Врховниот суд не е објавена на веб-страницата на судот.

    На 21 декември 2012 година, Врховниот суд донесе Начелен став за објавувањето на донесени одлуки на веб-страниците на судовите. „Судовите, донесените одлуки (пресуди и решенија) кои не се правосилни и кои се однесуваат на предмети од јавен интерес да ги објавуваат на веб страницата на судот“, се утврдува во Начелниот став.

    На 22 март годинава Врховниот суд се пофали дека Начелниот став за објавувањето на неправосилни судски одлуки бил нотиран и во Извештајот на Стејт департментот за човековите права за 2022 година. Во тој Извештајот се истакнува дека со Начелниот став на Врховниот суд, како реакција за унапредена транспарентност на судството, се советуваат пониските судови да ги објавуваат не само правосилните, туку и неправилните судски одлуки, особено во случаите кога се работи за предмети од јавен интерес.

    Зошто тогаш Врховниот суд на својата веб-страница не ја објавил и својата одлука за случајот „27 април“.

    Правни експерти што ги консултираше Плусинфо велат дека одлуката најверојатно не е ни напишана, со оглед на фактот што вториот дел од седницата се одржал денеска.

    – Прашајте го Врховниот суд дали одлуката е верификувана во АКМИС системот. Ако не е верификувана, што е мошне веројатно, исто како и да не е донесена. Секој од петте судии на Врховниот суд што одлучувал треба да ја потпише одлуката, а претходно може и да се предомисли. Сметам дека со објавувањето на резултатот од гласањето Врховниот суд е, со спортски речник кажано, во офсајд. Тоа не придонесува за целите што сакале да се постигнат со Начелното мислење на оваа институција, која еве денеска таа и самата не го испочитувала – вели нашиот извор.

    Одлуката на Врховниот суд се однесува на судскиот процес што се водеше во врска со насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, а со кој на затворски казни за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста беа осудени 16 лица. Затворски казни од 7 до 16 години добија Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Анѓеловски, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо и Александар Василевски – Нинџа.

    Со законот донесен во Собранието во декември 2018 година беа амнестирани 15 лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img