Времето до крајот на денов променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе биде до 17 степени целзиусови.
– Под влијание на циклонска активност и утре времето ќе се задржи променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, а ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Денес и утре се очекува локално да наврнат над 25 л/м2 воден талог – велат од УХМР.
Во петок и сабота ќе преовладува претежно стабилно и потопло време. Од недела следува период на нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.