По преземени мерки и активности полициски службеници од Полициската станица Штип и Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија четири кривични дела „тешка кражба“. Три дела биле извршени во февруари и април во обложувалница и продажен објект во Штип, од каде биле одземени повеќе предмети, а осомничени и приведени биле Е.Џ.(20) и еден малолетник од Штип. Четвртото дело „тешка кражба“ било извршено на 24.04.2023 од куќа во Штип, од каде биле одземени повеќе предмети, а осомничен и приведен бил Е.Ј.(18) од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
На 02.05.2023 во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Б.(36) од Куманово. Тој, со употреба на сила, од три патнички моторни возила на улица „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово одзел повеќе предмети, при што бил затекнат од полициски службеници. Д.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 02.05.2023 околу 17.50 часот на улица „112“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 42-годишниот тетовец Х.Љ.. При преглед кај него бил пронајден и одземен хероин, а од него, исто така, бил одземен и скутер за кој постои сомнение дека потекнува од извршена кражба. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.
На 02.05.2023 во 14.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.А.(49) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок
На 02.05.2023 во 22.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.П.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 02.05.2023 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С.(39) од Куманово, затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага. И.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Во текот на вчерашниот ден (02.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 191 возач. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 101 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за возач почетник, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила…
На 02.05.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 13 прекршоци, од кои 10 надвор од населено место и 3 во населено место. Санкционирани биле и 20 други видови на прекршоци, од кои 8 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 1 за возач почетник, 4 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за прекршок сторен од пешак и 5 за непрописно паркирање.
На 02.05.2023 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Скопје-Велес и регионалниот пат с.Јурумлери-с.Суводол се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(61) од Куманово и патничко возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(50) од с.Јурумлери. На местото на несреќата од здобиените повреди починал Г.И., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.
На 02.05.2023 во 23.30 часот во Полициската станица Аеродром, Д.П.(30) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче со сопственик.
На 02.05.2023 во 13.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Митевски“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(23) од Скопје, удрило во пешакот Н.И.(79) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.И., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 02.05.2023 во 18.30 часот во Полициската станица Карпош, В.Ш.(20) од Скопје пријавила дека на бул.„8 Септември“ била касната од куче скитник.
На 02.05.2023 во 12.35 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на ул.„Тодор Александров“ во Пробиштип, мотоцикл со пробиштипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Пробиштип, удрил во друг малолетник од Пробиштип. Во несреќата малолетниот пешак се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.
На 02.05.2023 во 09.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.П.(51) од Скопје пријавил дека во с.Јурумлери бил каснат од куче скитник.