Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дознал од печатот, а не од Вашингтон, за протекувањето на доверливи американски документи поврзани со војната на Украина против Русија.
„Не добив никакви информации претходно од Белата куќа или од Пентагон“, рече Зеленски во интервјуто објавено од Вашингтон пост.
Објавените тајни американски досиеја ги наведуваат ставовите на Вашингтон за војната во Украина, вклучувајќи ја и загрижувачката состојба на украинската воздушна одбрана кон крајот на февруари.
Еден американски гардист беше уапсен за ширење на оваа информација и обвинет на 14 април.
Оваа епизода „не е добра за угледот на Белата куќа, а мислам дека не е добра ниту за угледот на Соединетите Американски Држави“, рече Зеленски.