More

    Бајден номинираше нов амбасадор во Хрватска

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот ја номинираше Натали Рејс за нов амбасадор во Хрватска, објавено е на веб-страницата на Белата куќа.

    „Длабоко ми е чест што сум номиниран за амбасадор во Хрватска. Благодарен сум за можноста да и служам на мојата земја. Доколку биде потврдено, ќе работам на зајакнување на нашиот важен однос со народот и владата на Хрватска“, напиша Рејес на Твитер.

    Рејес моментално, меѓу другото, е претседател и извршен директор на Латино Виктори, член на одборот на директори на Американскиот институт за мир и лидер на групата HOPE (Hispanas Organized for Political Equality).

    Таа претходно служеше во Амбасадата на САД во Каиро, а работеше и како заменик-шеф на Канцеларијата на градоначалникот на Лос Анџелес каде раководеше со Канцеларијата за меѓувладини односи, меѓународна трговија и протокол и ја основаше првата Канцеларија за имигрантски прашања во Лос Анџелес.

    Таа е автор на бројни публикации, има добиено многу награди во текот на нејзината кариера, а течно зборува шпански и арапски, се наведува на веб-страницата на Белата куќа.

    Марк Флеминг моментално е вршител на должност во американската амбасада во Хрватска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img