More

    Уредничката на „Вог“ и актерот прошетаа рака под рака на Мет гала

    spot_img

    Легендарната уредничка на „Вог“ Ана Винтур синоќа пристигна на Мет гала рака под рака со Били Наји и јавно ја потврди врската со британскиот актер.

    Двајцата, на возраст од 73 години, првпат ги поттикнаа гласините за нивната романса во 2021 година, кога уживаа во неколку заеднички романтични вечери во Италија. Исто така, тие беа видени како се забавуваат на проекцијата на неговиот филм „Living in New York“, а нивното заедничко доаѓање на Мет Галагсега изгледа како јавна потврда за нивната врска, пишува „Дејли мејл“.

    Славната уредничка, која е домаќинка на овој настан речиси 30 години, носела бел фустан од високата мода на „Шанел“, додека Нили се одлучил за едноставен темен костум. Креацијата што Винтур ја избрала вклучуваше блескави сребрени украси и златни и виолетови детали. Изгледот го комбинирала со сребрени штикли со прерамки. Таа цврсто се држела за раката на актерот додека заедно позирале пред фотографите.

     

     

    Се претпоставува дека Ана и Бил се познаваат со години бидејќи парот е виден заедно на бројни модни ревии, во театар и ресторани уште од 2015 година. Тие наводно се зближиле откако Ана се разведе од својот партнер Шелби Брајан со кого беше 16 години. Во меѓувреме, последната позната врска на Бил беше со англиската актерка Дијана Квик. Актерите ја започнаа својата романса во 1980 година, а ја добија ќерката Мари во 1984 година. Тие беа заедно 28 години пред да се разделат во 2008 година.

    Неколку часа пред почетокот на Мет гала, уредничката позната по своето „ладно однесување“ беше фатена во трогателен момент со нејзиниот едногодишен внук Оливер на последниот состанок за подготовките на Мет гала. Ќерката на Ана, Бо Карозини, сподели трогателно видео во нејзините приказни на Инстаграм.

    „Завршниот состанок за Мет“, напишала таа покрај фотографијата на која внукот седи во скутот на својата баба.

    Мет гала, која некои ја нарекуваат најголемата модна ноќ, се одржува во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк. Секоја година, во првиот понеделник во мај, најголемите холивудски ѕвезди пристигнуваат на црвениот тепих во своите најекстравагантни и најлуксузни комбинации, а потоа за многу од нив долго се зборува во јавноста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img