More

    Повеќе од 60% од граѓаните не излегуваат на крај со платата

    spot_img

    Повеќе од 60% од граѓаните опфатени со анкетата што за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС), изјавиле дека нивните месечните приходи не им ги покриват потребите кои ги имаат за еден месец, додека 34,6% рекле дека заработуваат доволно за да си ги покријат трошоците.

    Споредено со истражувањето на (ИПИС) на истата тема спроведено во 2020 година, процентот на граѓани кои изјавиле дека не можат да си ги покријат месечните трошоци се зголемил за 1,5 процентни поен, а за исто толку поени е зголемен и процентот на оние кои рекле дека заработуваат доволно за покривање на потребите во текот на еден месец.

    Анализирани според полова структура, жените сметаат дека имаат поголем проблем да заработат доволно за да си ги покријат месечните трошоци.

    Така, 65,3% од анкетираните жени рекле дека не заработуваат доволно за да ги покријат месечните трошоци, а со таков проблем се соочуваат 56,3 % машките испитаници. Од друга страна, 39,5% од анкетираните мажи рекле дека месечните приходи им ги покриваат трошоците, а таков одговор дале 29,9% од жените.

    Во однос на прашањето за можноста за подигнување кредит во земјава, 47,8 % од анектираните изјавиле дека „не е тешко да се земе кредит“, а 31% се со спротивно мислење. Дури 63,1% од испитаниците изјавиле дека не користат кредити, а оние кои користат најчесто се одлучуваат за потрошувачки кредит. Ваков кредит користат 20,3% од анкетираните, 8,2% имаат станбен кредит, 2,6% автомобилски, а 2,1% подигнале брз кеш кредит.

    Истражувањето покажува дека станбени кредити најчесто користат брачни парови на возраст од 30 до 39 години, потрошувачки кредит граѓаните во возрасната категорија меѓу 40 и 49 години, а за брз кеш кредит најмногу се определуваат невработените и студентите. Речиси две третини од испитаниците или 65,3% изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 % сметаат дека за тоа нема потреба.

    Анкетата е спроведена во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img