Петнаесет патници се повредени откако српски автобус се преврте утринава на автопатот 53 во Унгарија. Во автобусот имало 55 патници и двајца возачи сите се од Белград.
На два километри од Кишкунхалас, автобусот од непозната причина тргнал во спротивен правец, а потоа со полна брзина се превртел.Според унгарските медиуми, повредени се 15 лица, а 12 се веќе во болница.
Меѓу повредените патници има и 2 деца, кои исто така се пренесени во болница.
Според српските медиуми, некои патници останале заробени во автобусот, па биле извлечени од пожарникарите. Сопственикот на агенцијата е на лице место, голем број патници се вратиле во Белград, а останатите продолжиле со нов автобус.