More

    Џек Николсон се појави во јавноста во одлично расположение

    spot_img

    Американскиот актер Џек Николсон (86) по долго време повторно се појави во јавноста, на натпреварот на ЛА Лејкерс во Лос Анџелес.

    Неговата состојба со месеци ги загрижува неговите пријатели, кои стравуваат дека актерот ќе умре сам, исто како и неговиот поранешен сосед и колега Марлон Брандо.

    Откако веќе година и пол го немаше никаде, тој неодамна беше снимен од папараци на балконот на неговиот имот во Беверли Хилс, каде излегол на свеж воздух, на својата тераса со поглед на кањонот Френклин. Носел широка портокалова маица и широки спортски панталони, додека бил потпрен на оградата на балконот во утринските часови.

    Николсон е веројатно најпознатиот холивудски ерген, иако беше во брак четири години. Неговата најпозната романса со Анџелика Хјустон (71) заврши пред речиси 25 години.

    Интересно е дека пред таа папараци фотка и сега, пред ова појавување во Лос Анџелес, трикратниот оскаровец последен пат беше виден во октомври 2021 година, заедно со неговиот син Реј (31), додека гледаа натпревар на ЛА Лејкерс. Според извештаите, Реј е еден од ретките луѓе со кои Николсон е во контакт.

    Сега знаеме уште нешто – Џек Николсон е верен навивач на ЛА Лејкерс, а ѕвездите на овој тим го почитуваат. Погледнете го ова видео:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img