More

    Заев: Регионот ќе биде многу постабилен и побезбеден, ако делуваме и работиме заедно

    spot_img

    Регионот ќе биде многу постабилен и побезбеден, ако делуваме и работиме заедно, порача поранешниот премиер Зоран Заев за време на панел-дискусијата посветена на енергетиката на Делфи економскиот форум во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

    Заев се осврна на важноста на соработката на земјите од регионот, како пример ги спомна и Грција и Бугарија, посочи дека исто како и со вакцините за време на пандемијата, така и сега за енергетската криза, постоеше помош од соседите, но и истакна дека потребно е да работиме заедно, да се продолжи соработката во пресрет на следната зима.

    – Ја преживеавме енергетската криза со помош на нашите пријатели – Грција, Бугарија и Србија. Грција сподели со нас свои ресурси, како што земјите претходно споделија и вакцини – истакна Заев.

    Поранешниот премиер и основач и директор на Фондацијата Заев, за време на неговото учество на форумот ги спомна и грчките инвестиции во Македонија.

    На панел дискусијата учествуваше и министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас, кој истакна дека енергетската безбедност не е национално, туку регионално прашање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img