Мицкоски: Државата пред два дена веќе ѝ исплатила сума од 120 милиони евра на компанијата „Бехтел и Енка“, изведувач на коридорите 8 и 10д

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека државата пред два дена веќе ѝ исплатила сума од 120 милиони евра на компанијата „Бехтел и Енка“, изведувач на коридорите 8 и 10д.

– Имам сигурни информации дека пред два дена од трезор се префрлени пари преку Министерството за транспорт и врски на ЈПДП околу 7 милијарди и 250 милиони денари, односно околу 120 милиони евра. Тие пари претпоставувам дека треба веќе да се легнати на сметка на компанијата изведувач на овие делови на коридорите 8 и 10д – рече Мицкоски.

Тој додаде дека исплатени се толку многу пари, а шајка нема ставено. Мицкоски повтори дека не се против градење на коридорите, ниту против тоа компанијата да си ги брани интересите туку против распродажбата на народни и државни интереси од актуелните политичари на власт.
– И за тоа ќе одговараат. Многу скоро, од денеска, еве јас ви ветувам дека ќе одговараат – рече лидерот на опозициската партија.

Пред два дена првите луѓе на опозициската партија ги брифираа новинарите дека дотогаш по основ на пенали и авансно плаќање од Договорот за изградба на делови од коридорите 8 и 10д со „Бехтел и Енка“ треба да платиме над 300 милиони евра.

– Околу 173 милиони евра се обврски кои ги презела државата врз основа на самиот договор како авансно плаќање, трошоци за подготовка на градилиште и подготвителни работи вклучително и за менаџирање на самиот проект, а останатите се пенали заради тоа што во рок од 45 дена од потпишување на договорот не е променет Законот за работни односи односно работната недела не е продолжена од 40 на 60 работни часа – рече Мицкоски.

Тој не очекува од ова обвинителство некаква реакција во однос на договорот и кажа дека тие договорот го добиле од свиркач, но и дека го побарале од Владата.

Share This Article