More

    Милошоски им порача на Ковачевски и на Груби дека можат да ги кријат договорите само за нивните приватни фирми

    spot_img

    Димитар Ковачевски и Артан Груби можат да кријат договори на нивните приватни фирми, тоа се нивни приватни средства и нивни приватни договори и имаат право да не ги споделат со јавноста. Но секој кој што потпишува договор каде што обврските ги презема буџетот и државата Република Македонија, има обврска кон даночните обврзници да ги направи тие договори јавни за да видиме што е во нив добро, а што е лошо или криминално.

    Ова го изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција по вчерашната изјава на претседателот на Собранието Талат Џафери, кој што на брифинг со новинарите најави дека на пратениците кои што поседуваат безбедносен сертификат нема да им биде дадено да го видат договорот со „Бехтел и Енка“, туку договорот ќе биде презентиран од владини претставници.

    – Според Уставот и според Законот за класифицирани информации, пратениците кои што поседуваат безбедносен сертификат имаат право на пристап до секој документ „Државна тајна“, а не некои владини министри да ги прераскажуваат тие документи во Собранието. Пристап е да го имате документот и Договорот во раце, да го анализирате и да знаете кои се добри, а кои се лоши клаузули за буџетот. Господинот Талат Џафери со ваквиот став не личи како прв помеѓу пратениците, во тој случај прв би сакал да го види Договорот, туку се однесува како владин министер кој што ја штити Владата и не го интересира како ќе се потрошат 1 или 2 милијарди од државниот буџет. Криењето на Договорот е најсилна индикација дека тоа што го прифатиле Артан Груби и Димитар Ковачевски има силни индиции за корупција и криминал – изјави Милошоски.

    Според него, секој премиер или министер кој што потпишал добар договор во интерес на државата или граѓаните би сакал тој договор да го види јавноста и обратно, секој оној кој што крие договор од јавноста, само ги потврдува сомнежите дека тој договор е на штета на буџетот и има клаузули кои што се податливи за корупција и криминал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img