More

    Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, и фудбалерот на Севиља, Немања Гудељ, ќе станат родители

    spot_img

    Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, и фудбалерот на Севиља, Немања Гудељ, ќе станат родители.

    Ќерката на Цеца, како што дознава српски „Телеграф“, е бремена во четвртиот месец, а парот неодамна го дознал и полот на бебето.

    Среќната вест дека чекаат девојче ја споделиле само со најблиските пријатели и членовите на семејството.

    Анастасија и Немања веќе го започнаа заедничкиот живот во Севиља каде уживаат во секојдневието. Пред три дена биле заедно на прослава, кога ги воодушевиле сите со својот стајлинг.

    Ражнатовиќ блеснала во црвен фустан, со огромен цвет во косата и црвен кармин на усните, а многумина ги потсетила на вистинска Шпанка. Од друга страна, фудбалерот носел свечен костум, но на главата имал марама.

    Иако се обидела да го сокрие, трудничкото стомаче веќе се гледа на фотографиите и видеата од забавата.

    ФОТО: Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img