More

    Бројот на пушачи во САД е на најниско ниво на сите времиња

    spot_img

    Бројот на пушачи во САД минатата година достигна ново најниско ниво, бидејќи секој девет возрасен вели дека активно пуши, покажа новото истражување.

    Резултатите од истражувањето на американскиот Центар за контрола и превенција на болести се засновани на анкета на повеќе од 27.000 возрасни лица.

    Бројот на пушачи се намалува со децении, поради повисокиот данок на тутунот, поскапувањето на тутунските производи, забраната за пушење и подигнувањето на свеста за штетното влијание на пушењето.

    Во средината на 1960-тите, во САД имало 42 отсто пушачи, а минатата година само 11 отсто. Во 2020 и 2021 година пушачи имало 12,5 отсто.

    Пушењето цигари е фактор на ризик за рак на белите дробови, срцеви заболувања и мозочен удар и се смета за водечка причина за смртни случаи што може да се спречат.

    Зголемен бројот на корисници на електронски цигари
    Од друга страна, истражувањето покажало дека е зголемена употребата на електронски цигари, кои ги користи секој 17-ти возрасен. Бројот на корисници на електронски цигари во САД минатата година се зголеми на речиси шест отсто, додека во 2021 година беше 4,5 отсто.

    Околу два отсто од американските средношколци пушат традиционални цигари, додека 14 отсто користат електронски цигари, покажуваат податоците на Центарот за контрола и превенција на болести.

    Зголемувањето на употребата на електронски цигари, преку кои се внесува и никотин во организмот, ги загрижува лекарите. Американското здружение за срце наведува дека зависноста од никотин може да има здравствени последици, како што е ризикот од висок крвен притисок и стеснување на артериите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img