Две госпоѓи Хатиџа и Самка, две пријателки, со своите модни комбинации низ улиците на Сараево го украдоа вниманието на бројните минувачи, жители, но и туристи во главниот град н БиХ. Г-ѓа Тиџа има 80, а Самка 70 години, гордо ги носат и не ги кријат.
Со своите посебни стајлинзи, со ултра модерни модни додатоци, го привлекуваат вниманието каде и да се појават. Двете госпоѓи зрачат и со неверојатна харизма. Како што вели г-ѓа Самка, таа се облекува поради себе, а не за да привлече внимание, додека, пак, госпоѓа Тиџа вели дека уште како студентка кога дошла во Сараево, тоа било во 1961 година, била поинаква од другите, носела високи потпетици од 20 см. Госпоѓа Самка вели дека веќе 40-50 години, првиот тренд, првата мода, секогаш таа ја носела, таа била авангарда во модата.
Пријателите Хатиџа и Самка кога и да прошетаат низ Сараево, тие со фантастичните модни комбинации го привлекуваат вниманието на граѓаните.
„Вооружени“ со насмевка, овие две постари дами апсолутно доминираат во градот со својот уникатен моден репертоар.
ФОТО: Фејсбук/Bakir Niksic