Новак Ѓоковиќ е идол на многумина, меѓу кои и на синот Стефан. Тој во училиште напиша состав на тема „Мојот херој“ каде пишуваше за својот татко, а ги спомна и Роџер Федерер и Рафаел Надал, како и неговата љубов кон тенисот.
„Во времињата кога Роџер Федерер и Рафаел Надал се уште беа или први на светот или втори, се појави татко ми кој се вика Новак Ѓоковиќ. И така настана моето презиме. Роден е на 22. мај 1987 година. Аааа, заборавив нешто, јас сум Стефан Ѓоковиќ, неговиот син. Ме инспирираше да бидам упорен и добро да играм тенис!“, напиша Стефан, кој ги обои сите три имиња во боите на знамињата, така што шпанскиот, швајцарскиот и српскиот симбол се видливи на текстот.
фото: EPA-EFE/ATIENZA