More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани 26.04.2023

    spot_img

    Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени мерки и активности, расчистија шест кривични дела „тешка кражба“ извршени од куќи на територијата на Штип во текот на март и април годинава. Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата од слобода бил лишен Е.Ј.(18) од Штип. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал делата. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

    На 25.04.2023 во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Д.А.(18) од Скопје. Тој се сомничи дека на 24.04.2023 во Градски парк одзел електричен тротинет од Г.Т.(20) од с.Марино, општина Илинден. Лицето било задржано во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.  

    На 25.04.2023 во 12.40 и во 16.00 часот во тетовско Желино, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Џ.У.(23) од Желино и З.А.(21) од с.Озормиште. Тие се сомничат дека во текот на ноќта на 21/22.04.2023 извршиле тешка кражба во работилница, сопственост на М.Б.(52) од тетовска Мала Речица, при што одзеле повеќе предмети. Двајцата биле задржани во Полициска станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

    На 25.04.2023 околу 10.30 часот на улица „Панче Поповски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 54-годишниот С.Ј. од Охрид. Тој се сомничи дека  на подрачјата на Гостивар, Кичево, Охрид и други места извршил повеќе кражби на велосипеди, кои потоа ги продавал во други места. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува поднесок. 

    На 26.04.2023 во 02.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Б.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     На 25.04.2023 во 19.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода Р.Т.(26) и А.У.(36), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

    На 25.04.2023 на ул.„Дебарца“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.С.(20) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

    На 25.04.2023 во 13.00 часот на магистрален пат Кичево-Демир Хисар, кај место викано „Павли Дол“, полициски службеници од Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода  З.Џ.(61), П.В.(51) и Д.Д.(45), тројцата од Кичево и А.А.(59) од с.Туин, кичевско. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, во кое биле, бил пронајден шприц со кафеава течност. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

    Во текот на вчерашниот ден (25.04.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 535 возачи. Од нив 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 321 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 214 надвор од населено место. 

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила… 

    На 25.04.2023 во периодот од 08.00 до 20.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната, при што биле изречени вкупно 65 мерки (ТЕ-54 и ГВ-11). Од нив, 48 мерки (ТЕ-37 и ГВ-11) се однесувале на пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место, од кои 3 (ТЕ) за над 70 километри на час. Покрај ова, санкционирани се и 17 пречекорувања (ТЕ) на пропишаната брзина во населено место, како и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-4). На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци. 

    На 25.04.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 39 прекршоци, од кои 22 надвор од  населено место и 17 во населено место. Санкционирани биле и 7 други видови на прекршоци, од кои, 1 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 1 за некористење сигурносен појас и 4 за непрописно паркирање.

    Во рамките на акциската контрола спроведена вчера (25.04.2023) од 05 до 10.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово откриле и законски санкционирале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки: „хундаи“ што го управувал 62-годишниот тетовец В.Б. и „форд транзит“ управуван од 54-годишниот С.А. од тетовска Брвеница, а кои не ги поседувале потребните документи за вршење на јавен превоз. По документирање на случајот против нив ќе следуваат поднесоци. 

    На 25.04.2023 во 15.10 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на улица „Ванчо Прќе“ во Гевгелија, патничко возило „фолксваген лупо“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(20) од Гевгелија, удрило во велосипед управуван од Т.А.(54) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија.

    На 25.04.2023 околу 17.50 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.П.(22) од Дебар и мопед без регистарски ознаки, управуван од Т.К.(43) од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.К. констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Дебар.   

    На 25.04.2023 во 08.45 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Маврово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(74) од Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(42) од Скопје и патничко возило „хјундаи“ со косовски национални ознаки, управувано од Ф.И.(60) од Косово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Ѓ. од возилото “рено“, а со телесни повреди се здобил возачот А.Б. констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.   

    На 26.04.2023 во 00.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Радовиш – село Ораовица, на место викано „Рудина“, В.Г.(46) од село Радичево, општина Василево, управувајки патничко возило „рено клио“ со словенски национални ознаки, излетал од коловозот. Во Здравствен дом Радовиш кај возачот биле констатирани тешки телесни повреди, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш. 

    На 25.04.2023 во 18.40 часот во Полициската станица Центар, Н.Д.(38) од Скопје пријавила дека на ул.„Павел Шатев“ била касната од куче скитник.

    На 25.04.2023 во 19.45 часот во Полициската станица Гази Баба, И.Е.(32) од Скопје пријавил дека на ул.„Зеничка“ бил каснат од куче скитник.   

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img