Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот го прекина телевизиското интервју во живо, а потоа се врати да објасни што се случува.
Турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган (69) одржа три предизборни говори во вторникот пред парламентарните и претседателските избори на 14 мај.
Вечерта требаше да заврши со интервју во живо за Улке ТВ и Канал 7. Но, неговото појавување на телевизија доцнеше повеќе од 90 минути, а потоа беше прекинато за време на интервјуто. Камерата се затресе, а репортерот кој го поставуваше прашањето стана од столот, а преносот беше прекинат.
Од зад камерата се слушнал неидентификуван глас како воздивнува. Ердоган се врати околу 15 минути подоцна и се извини и објасни дека му е лошо.
„Вчера и денес беа напорни денови. Добив цревни вируси. Во еден момент се запрашав дали би било погрешно ако го откажеме интервјуто. Но, ветивме. Барам прошка од вас и од нашата публика“, рече Ердоган.
Неговото лице изгледаше уморно, а очите му се стеснија додека зборуваше. Турскиот лидер потоа одговорил на уште неколку прашања пред крајот на емисијата, пренесува Дневник.хр.
Ердоган и неговата партија доминираа со турската политика во последните 20 години. Сепак, оваа изборна кампања претставува еден од најтешките предизвици на Ердоган за време на неговото долго владеење.
VIDEO Na Erdogan mu se sloši dodeka davaše intervju, snimkata be