More

    Што значат договорите од Минск и кон што водат?

    spot_img

    Хаос и можен крај за Украина носат договорите за децентрализација, наречени Минск I и Минск II кои беа потпишани во 2014 и 2015 година, а за кои вчера претседателите Емануел Макрон и Владимир Путин се договорија дека ќе бидат исполнети, како последна можност да се сопре евентуалната војна меѓу НАТО и Русија, пишува Б92. Ова го сметаат поранешни украински функционери кои за „Телеграф“ изјавиле дека стравуваат за украинскиот суверенитет. Но, што предвидуваат овие договори?

    Сепаратистите да добијат „специјален“ статус, права и влада

    Додека првиот договор требаше да го прекине огнот кој тогаш изби во Донбас, кога Владимир Путин влезе во овој регион, следеше вториот договор и кратко, барем формално примирје. Минск II предвидува „специјален статус“ и степен на самоуправа на регионите Доњецк и Луганск, кои се под контрола на сепаратистите, организирање нови избори во областа, помилување на оние кои се бореле за проруски цели и измена на уставот на Украина за да се децентрализира власта на посебни региони.

    Договорот го потпишаа претседателите на Русија, Германија, Франција и на Украина и беше прифатено дека тој ќе биде основа за какво било идно решение на тензиите во Украина. Денес, седум години од Минск, тензиите растат, а во неколку наврати Владимир Путин изјави дека Украина ќе мора да го почитува договорот и „да се носи со него“. Но, договорот може да биде погубен за Киев.

    Локалните „цајкани“ ќе станат легитимна полиција

    Договорот во пракса значи дека сепаратистите ќе станат легитимна локална власт, а нивната милиција локална полиција, наведува британски „Телеграф“. Тие би избирале пратеници под контрола на Русија во украинскиот парламент на Украина, а федерализацијата би му овозможила на Кремљ, преку локалната влада во Донбас, да става вето на надворешната и внатрешната политика.

    Уште повеќе, целта на Путин е да се предизвикаат и поголеми поделби во Украина, сметаа украинските власти.

    – Ако САД и Русија се согласат дека Минск II мора да се наметне, тоа ќе биде најлошото можно решение – изјави Сергеј Рахмањинов, член на Комитетот за безбедност и разузнавање.

    – Тоа ќе биде крај на Украина. И ќе се создаде хаос, што Русија би го искористила тогаш. Не граѓанска војна, туку само хаос. И Русите го знаат тоа – додаде тој.

    Минск II значи нов бунт, токму тоа го сака Путин

    Тројца украински функционери се согласуваат во оценката дека со имплементацијата на договорот ќе започне „третиот Мајдан“, односно народната револуција и велат дека се сомневаат дека токму на тоа се надевал Путин.

    Кошмарното сценарио, велат тие, би биле руски тенкови пред Киев, додека владините сили и добро вооружените демонстранти кои се противат на договорот меѓусебно се борат во главниот град. Тоа е она што загрижува кај договорот кој во 2015 година го потпишаа Ангела Меркел, Порошенко, Путин и Франсоа Оланд. Фактот дека Минск II, во најмала рака, неизбежно води кон нова војна или конфликт.

    фото: јутјуб/принтскрин

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img