More

    По три брака, Скарлет Јохансон сфатила што и треба во љубовта

    spot_img

    Познатата холивудска актерка Скарлет Јохансон гостуваше во подкастот на актерката Гвинет Палтроу каде откри што и е најважно во бракот.

    Скарлет зад себе има два разводи, а моментално е во третиот брак со Колин Џост, со кој започна врска во 2017 година, а три години подоцна се венчаа.

    Таа беше со нејзиниот колега, актерот Рајан Рејнолдс, од 2008 до 2011 година, а потоа во 2014 година повторно се омажи за францускиот новинар Ромен Доријак.

    Но, не издржа ниту вториот брак. Исто како и со претходниот брак, таа сфати дека тоа не е тоа.

    „Долго време не знаев што сакам или што ми треба од некого. Не можев да разберам, но во одреден момент сфатив дека ми е многу важно да бидам со сочувствителна личност. Ова е основна карактеристика што мора да постои кај мојот партнер. И мислам дека разбирањето на основните работи што ви се потребни кај партнерот е од суштинско значење за долговечноста на вашата врска. За мене, идентификувањето на тие работи дефинитивно го промени мојот поглед на бракот“, рече Скарлет во гостувањето кај колешката Гвинет Палтроу.

    Скарлет ја има ќерката Роуз со поранешниот сопруг Ромен Дориак, како и синот Космо со сегашниот сопруг Јост.

    Фактот што сфатила што и треба во врската ја навело конечно да биде среќна со партнерот. Сите овие работи ги пронашла кај нејзиниот сегашен сопруг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img