Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени по Рихтер рано утринава ја погоди западна Индонезија, предизвикувајќи предупредување за цунами и евакуација на жителите од крајбрежните области.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 15 километри на околу 170 километри југоисточно од Телук Далам, крајбрежен град во провинцијата Јужен Нијас во северна Суматра, соопшти Американскиот геолошки институт.
Националната агенција за ублажување на катастрофи објави видео снимка на која се гледаат селаните на островот Ментаваи како бегаат во висорамнините во темница и дожд.
Неколку пациенти од селската болница, чија зграда беше оштетена во земјотресот, беа изнесени во нејзиниот двор.
Земјотресот можеше да се почувствува во областите и градовите на провинциите Западна Суматра и Северна Суматра, во кои исто така беше наредено неколку населени места да се евакуираат жителите.
Официјални лица рекоа дека голем број жители на островот Ментавави не се симнале од повисоките места каде што побегнале поради страв од последователни потреси, иако е издадено предупредување за цунами.
Индонезија, огромен архипелаг од 270 милиони луѓе, често е погодена од земјотреси, вулкански ерупции и цунами.
Во ноември, во земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала загинаа најмалку 340 луѓе и оштетија повеќе од 62.600 куќи во Западна Јава.