Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА објави видео снимки од планетата Земја во висока резолуција.
Станува збор за компилација од снимки од нашата планета направени меѓу март 2022. и март 2023 година за време на експедициите „67“ и „68“ на Меѓународната вселенска станица (МВС).
Благодарение на нив, секој може да ужива во погледот кон Земјата речиси еден час. Земјата е прикажана како да се гледа низ прозорците на Меѓународнтта вселенска станица.