More

    Руската флота успешно одби два дрона кај Севастопол

    spot_img

    Црноморската флота синоќа успешно одбила украински напад со дронови врз пристаништето кај Севастопол, најголемиот пристаништен град на полуостровот Крим. Ова на Телеграм го објави рускиот гувернер на Севастопол, Михаил Развожаев. Од двете беспилотни летала, второто летало експлодирало, не него оштетило објектот на сидриштето кој бил негова цел, пишува гувернерот, пренесува Тасс.

    На Твитер и Телеграм се проширија видеа за кои се тврди дека се од нападот. За автентичноста на видеата нема официјална потврда.

     

     

    „Денеска, почнувајќи од 3 часот и 30 минути, беше извршен обид за напад на Севастопол. Досега, едниот дрон е уништен од противподморничките одбранбени сили за диверзија, другиот самиот експлодираше. Сè се случи на надворешното сидриште на Севастопол и ниту еден објект не е оштетен. Во моментов во градот е мирно, но сите сили и служби се во состојба на готовност“, напиша Развожаев.

    Поморскиот патнички сообраќај во Севастополскиот залив е прекинат, додека меѓу северниот и централниот дел на градот е организиран автобуски превоз.

    Севастопол е главната поморска база на Црноморската флота и украинската армија се обиде да го нападне со беспилотни летала во неколку наврати во изминатите неколку месеци.

    Базата била изградена во 1783 година по анексијата на Крим од страна на Руското Царство. Базата одиграла клучна улога во двете светски војни, а по распадот на СССР била главна поморска база на Украина. Во 2014 година Русија ја презеде контролата врз полуостровот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img