Аниматронски змеј се запали во саботата вечерта во забавниот парк Дизниленд во Калифорнија, соопштија претставници на Дизни.
-„За време на последната изведба на „Fantasmic“ во паркот Дизниленд во саботата вечерта, змејот се запали“, изјавија претставници на Дизни за Си-Ен-Ен.
Во е-поштата на Дизни се наведува дека пожарникарите брзо реагирале и пожарот бил изгаснат.
Тие додале и дека сите членови на актерската екипа и гостите биле евакуирани од островот Том Соер, а гостите на забавниот парк биле отстранети и од атракциите во близина на островот поради чадот и ветерот.
Во моментов се истражува причината за пожарот“, се наведува во соопштението.
CNN потсетува дека „Fantasmic“ е долгогодишно ноќно шоу на Дизни во забавните паркови во Флорида и Калифорнија.
Претставата содржи „специјални ефекти, најсовремени проекции и врвна пиротехника“ и злобна самовила „Фатена во облик на змеј од 45 стапки (13,7 метри) што дише оган“, според веб-страницата на Дизни. .