Руските власти ќе протераат над 20 германски дипломати

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека протерува „повеќе од 20“ германски дипломати како одмазда за слична мерка преземена од Берлин, која Германија не ја потврди.

„Повеќе од 20“ германски дипломати се протеруваат од Русија, изјави портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова за телевизијата „Ѕвезда“.

Претходно денеска Министерството најави „одмазднички мерки“ по „уште едно масовно протерување“ на руски дипломати во Германија.

„Најостро ги осудуваме акциите на Берлин, кои продолжуваат да уништуваат цела низа руско-германски односи, вклучително и нивната дипломатска димензија“, се наведува во соопштението.

Германското Министерство за надворешни работи за францускиот печат изјави дека ги „прочитало изјавите“ на Захарова.

„Во последните недели, федералната (германската) влада и руската страна беа во контакт во врска со кадровските прашања во нивните претставништва во странство“, додаде германското министерство, без да даде други детали.

Близок економски партнер на Русија пред воената офанзива во Украина, Германија оттогаш се дистанцира од Москва, финансиски и воено го поддржува Киев во конфликтот.

На крајот на јануари, Берлин конечно се согласи да испрати голем број свои тенкови Леопард, што претставува пресвртница во западната воена поддршка.

Share This Article