Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси побарал Барселона да договори негово враќање на „Камп ноу“ пред крајот на оваа сезона, објави Жерар Ромеро.
Според шпанскиот новинар, 35-годишниот аргентински фудбалер ќе остане во францускиот клуб доколку Барселона не преземе одлучни чекори за да го договори неговиот трансфер во каталонскиот тим.
Договорот на Меси со ПСЖ е со важност до крајот на јуни 2023 година. Напаѓачот оваа сезона одигра 36 настапи за Париз, постигнувајќи 20 гола и 19 асистенции.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 45 милиони евра.