Непознат напаѓач денеска со секира нападнал две жени на улица во Токио, по што побегнал од местото, соопшти јапонската полиција.
Нападот се случил во западниот дел на Токио, во градот Хино, објави новинската агенција Кјодо.
Осомничениот, за кој жените изјавиле дека е постар маж, ја оставил секирата на местото на нападот откако ги нападнал и ги расекол жените околу 19:50 часот по локално време.
Засега нема детали за состојбата во која се наоѓаат жртвите на бруталниот напад.
Мажот бил облечен во сини шорцеви и сандали, соопшти полицискиот оддел на Токио.