Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик денеска повторно го навреди американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, нарекувајќи го „лигавец“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик денеска повторно го навреди американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, нарекувајќи го „лигавец“, но во исто време ја ублажи својата сецесионистичка реторика, велејќи дека ќе понуди документ со кој Република Српска може да биде самостојна „во рамките на Босна и Херцеговина“.

– Не се работи за спорот меѓу РС и Србија. Станува збор за лигавец наречен амбасадор на САД, Марфи – рече Додик налутен што Марфи заедно со амбсадорот Кристофер Хил се сретнаа со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.

Додик им забрани на сите функционери од РС да се сретнат со Марфи.

Тој, исто така, смета дека Марфи и британскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Џулијан Рајли, само за инает на РС, ги убедиле лидерите на бошњачките и граѓанските партии во средата да потпишат заедничка изјава во која повикуваат на зачувување на статусот на државен имот како сопственост на Босна и Херцеговина, а не субјекти.

За петок Додик закажа средба со претставниците на политичките партии од РС на која ќе се разговара токму за ова прашање кое претходно го означи како црвена линија поради која РС може да се отцепи од Босна и Херцеговина, но сега значително ја ублажи таа закана.

– Ќе понудам документ кој во суштина ќе доведе до обединување на сите политички партии во РС околу потребниот степен на независност на РС во рамките на Босна и Херцеговина – рече Додик.

Share This Article