More

    Неисплатлива инвестиција, а прашање е и како ќе се одрази врз храната и врз луѓето

    spot_img

    Иницијативата за поставување фотонапонски електрани на зелените пазари започната од Стопанската комора е прифатлива за општините, но експерти велат дека нема да има голема придобивка за производството на електрична енергија, бидејќи овие објекти имаат мала потрошувачка на струја, а инвестицијата може да биде и неисплатлива за одредени објекти. Ако се прифати иницијативата, според нив, треба да се направи добра анализа за спроведливост и поврат на инвестицијата.

    Професорот Ристо Цицонков вели дека освен искористување на површината на покривите на пазарите, некоја поголема корист од оваа иницијатива нема да има.

    – Тоа се минорни површини на кои и не се знае колкаво ќе биде производството на електрична енергија. Во секој случај корист ќе има само ако се искористи покривната површина, за сè друго треба да се направи детална анализа – додава тој.

    За Марјан Ненов електроинженер и основач на невладината „Но пасаран“, идејата е добра и остварлива, но смета дека инвестицијата за најголемиот дел од пазарите нема да биде исплатлива бидејќи дел од пазарите се лоцирани меѓу згради што го намалува очекуваниот ефект на сонцето за производство на електрична енергија, па општините ќе треба да се одлучат меѓу оваа инвестиција и далеку подоходовната да дозволат изградба на високи згради.

    – Во Скопје, на пример, ефектот од поставување фотоволтаици на покривите на зелените пазари нема да биде исплатлива инвестиција, бидејќи тие поголемиот дел од денот се во сенка на високите згради. Според тоа, другите општини треба да се пресметаат и да изберат дали ќе произведуваат струја над зелените пазари или ќе дозволат високи градби покрај пазарите – објаснува Ненов.

    Тој ја отвора и дилемата дали поставувањето фотоволтаици на покривите на зелените пазари би можеле да бидат штетни за луѓето што работат под нив.

    – Позитивен ефект од една ваква инвестиција е дека ќе се обезбеди струја за работа на пазарите, а дополнително луѓето кои работат во пазарите ќе бидат заштитени од директното влијание на сонцето. Но, единствена дилема која се отвора при реализирање на една ваква инвестиција е дека ако фотоволтаиците се поставуваат на сегашните покривни конструкции на пазарите дали ќе влијаат на здравјето на луѓето што работат на пазарите. Ова го поставувам како дилема бидејќи тие ќе бидат под одредено магнетно влијание, а за тоа како тоа влијае на здравјето повеќе можат да кажат од здравствениот сектор. Тоа значи дека треба да се биде селективен кога се носи одлука за поставување фотоволтаици на покривите на зелените пазари и без целосна анализа да не се инвестира – вели Ненов.

    Тој додава дека најголемиот дел од пазарите се лоцирани меѓу згради што го намалува очекуваниот ефект на сонцето за производство на електрична енергија, па општините ќе треба да се одлучат меѓу оваа инвестиција и далеку подоходовната да дозволат изградба на високи згради.

    Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски вели дека ваква инвестиција за годинава не е планирана, но не ја исклучува можноста следните години дел од општинските пари да бидат потрошени и за поставување фотонапонска електрана на зелениот пазар.

    – Идејата е добра иако градскиот пазар не е голем потрошувач на струја. Со оглед дека иднината оди во насока самите претпријатија да произведуваат струја за сопствените потреби, веројатно во следните години ќе планираме ваква инвестиција. Но, за годинава приоритет за поставување фотоволтаици ни се 4 училишта и градскиот базен како поголеми потрошувачи на струја – вели Димитриевски.

    Пазарџиите, пак, велат дека не слушнале за идејата, ама се скептични дека ќе се реализира.

    – Мислам дека зелените пазари какви што ги имаме сега имаат многу поголеми проблеми од инвестирање во фотоволтаици за производство на струја. Со години не се инвестира во подобрување на условите за работа, нема канализациска и водоводна мрежа и најважно од сѐ – нема чистота. Прво нека се инвестира во ова па потоа нека мислат на струјата – вели пазарџија.

    Стопанската комора во рамки на иницијативата за инвестирање во обновливи извори на енергија и надминување на проблемите со високите цени на струјата преку сопствено производство предложи, меѓу другото, и зелените пазари да се користат како извор на енергија. Оттаму велат дека покривите на зелените пазари се идеални за поставување сончеви колектори, кои ќе обезбедат додадена вредност за претпријатијата кои управуваат со нив.

    – Она што е актуелно последниве 2-3 години, а ние со зелените пазари (како потенцијал) го гледаме изминативе 10 години, е како да се искористат покривите на зелените пазари за производство на електрична енергија, коешто станува сега сѐ поатрактивно со енергетската криза – изјави неодамна Даниела Михајловска-Василевска од Стопанската комора на средба со претставници на пазарите во Штип.

    Според Комората, за реализација на инвестицијата мора да има тесна и координирана соработка со локалните самоуправи, како со основачите и сопствениците на зелените пазари.

    Во земјава, досега нема поставено фотоволтаици на зелен пазар, но на деловен објект на јавно претпријатие кое стопанисува со зелен пазар е поставено само во Битола.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img