More

    Александар Николоски открива делови од тајниот договор со „Бехтел и Енка“

    spot_img

    Согласно договорот со „Бехтел и Енка“во делот 11 којшто се однесува на бројот на работници и планот за работа, дефинирано е од вкупниот број работници 30 отсто да бидат домашни, а 70 отсто странци – тврди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју за Фокус, чии делови пренесува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

    – Тоа значи дека 70 отсто од парите што македонските граѓани ќе ги дадат за изградбата на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци. А премиерот лаже дека најмалку 51 процент ќе бидат домашни работници. Пред мене ги имам точните податоци по година и по класификација на работници, каде што јасно може да се види дека 70 отсто ќе бидат странци.

    Уште поголем проблем е што за сега некој да дојде да работи во Македонија , треба да добие работна дозвола и дозвола за престој. Само за работниците на автопатиштата на „Бехтел и Енка” ова нема да важи, односно тие ќе можат да работат првиот ден откако ќе стапнат на македонско тло, додека ги чекаат соодветните работни дозволи и виза. Ова е уште едно кршење на законите – вели Николоски.

    Тој прави паралела со проектот на „Бехтел и Енка“ за изградба на патишта во соседно Косово.

    – Косово е попаметно од Македонија. И таму се градеше автопат од „Бехтел и Енка”. И таму е иста сумата на пенали од 53 милиони евра што Косово требало да им ја исплати, или трошоци за работа како што ги нарекува нашата влада. И во Македонија и во Косово, пеналите се 53 милиони евра. Специјалното обвинителство на Косово, во февруари лани поднело обвинение против поранешниот министер за транспорт и инфраструктура затоа што прифатил ваков договор. Еве за жал, во владеење на правото паднавме и под Косово – вели Николоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img