More

    Тасева вели дека Бехтел и Енка се меѓу најнетранспарентните компании во светот

    spot_img

    „Кога читав, подготвувајќи се емисијава, најдов многу податоци за тоа дека „Бехтел&Енка“, како компанија, важи за една од најнетранспарентните во светски рамки. Работат насекаде низ светот, на големи комерцијални договори, меѓутоа важат за една од најнетранспарентните компании кои апсолутно инсистираат на тајност на нивните договори. И уште еден податок кој вели дека секогаш нивните проекти завршуваат со 40 проценти повеќе од договорената сума“.

    Вака изјави Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнел“ вечерва во Топ тема за американско-турскиот конзорциум на кој владата му ги довери коридорите 8 и 10Д. Таа вели дека прашање е „што сме ставиле во залог за ова“, односно што е договорено покрај тој автопат“.

    – Имаме примери со работењето на таа компанија и тука непосредно, и во Хрватска и во Косово и во Романија, каде што имало проблеми со транспарентноста, каде што имало проблеми со цената, каде што имало проблеми со договорот. И секаде останало тоа до крај да остане нетранспарентно, до крај контроверзно и до крај скапо за државите да плаќаат многу повеќе од тоа што е договорено – потенцира Тасева.

    Според неа договорот го урива уставниот поредок на Македонија. Таа вели дека постои крајна нетранспарентност околу од владата „која има обврска да ни каже зошто е ова вака“ и дека се чуди дека некој во Собрание може да гласа за договор што нема да го види.

    Денеска премиерот Димитар Ковачевски на пресконференција изјави дека Владата ќе го достави договорот до Јавното обвинителство.

    – Можам да ве информирам дека Владата веќе донесе одлука согласно со степенот на доверливост на договорот со која е овластено Јавното претпријатие за државни патишта да го достави до Јавното обвинителство договорот, со оглед на тоа дека имаше многу прашања кои се однесуваа на тоа дали постоела можност за некакви влијанија итн., а кои беа демантирани од Владата и сите претставници бидејќи станува збор за една од најреномираните американски компании кои работат на вакви големи проекти. Тој договор ќе биде доставен до Јавното обвинителство, па на нивно постапување понатаму да ги испитаат сите наводи кои беа кажани од страна на политички партии, од страна на медиуми, од страна на поединци итн. – рече Ковачевски.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img