More

    Ози Озборн, фронтменот на групата „Блек сабат“, снимен е на прошетка со негувателката неколку недели откако ја откажа британската и европската турнеја

    spot_img

    Ози Озборн (74), фронтменот на групата „Блек сабат“, снимен е на прошетка со негувателката неколку недели откако ја откажа британската и европската турнеја.

    Ози во текот на изминативе неколку месеци помина низ низа операции, а покрај тоа и води битка со Паркинсоновата болест.

    Музичарот одел без помош на својот бастун, и покрај тоа што повремено изгледало дека ќе изгуби рамнотежа. Ова е прва негова прошетка по 2 месеци откако беше принуден да ги откаже своите претстојни концерти и да ја заврши повеќедецениската турнеја.

    Во срцепарателна објава на Инстаграм, Озборн им рекол на обожавателите дека низата корективни операции направиле да „не е физички способен за претстојната турнеја во Европа и Велика Британија“.

    „Како што можеби сите знаете, пред четири години имав голема несреќа кога го оштетив ’рбетот. Мојата единствена цел сето ова време беше да се вратам на сцената. Мојот глас е во ред. Меѓутоа, по 3 операции, по третман со матични клетки, бескрајни физикални терапии и неодамна револуционерниот третман HAL, моето тело е сè уште физички слабо“, рекол Озборн.

     

    „Верувајте ми кога велам дека помислата да ги разочарам своите фанови навистина ме скрши, повеќе отколку некогаш ќе знаете. Никогаш не би можел да замислам дека моите денови на турнеја ќе завршат на овој начин“, додал музичарот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img