More

    Ракометар падна од осми кат, пронајден мртов пред зграда

    spot_img

    Руската ракометарка Викторија Дивак беше пронајдена мртва во понеделникот, само неколку дена пред нејзиниот 30-ти роденден.

    Според руските медиуми, телото на Викторија Дивак било пронајдено во близина на зградата во која живеела, а се претпоставува дека причина за смртта е пад од осми кат.

    Припадничката на Астраханочка од здобиените повреди починала на лице место, а лекарите од итната помош можеле да констатираат смрт само по пристигнувањето.

    Полицијата веднаш покрена истрага, но нема информации што довело до оваа трагедија.

    Тренерот на нејзиниот клуб Алексеј Алексејев се огласи со кратко соопштение.

    „Сите сме во шок. Никој не разбира што можеше да се случи. Околу 11 часот споделила фотографија со пријателите и покажала дека купила нова мачка. Само неколку часа подоцна таа беше мртва. Никој не разбира што се случило помеѓу 11 и 14 часот. Ова е голема катастрофа“, рече Алексејев.

    Дивак кариерата ја започна во Динамо со кој три пати беше шампион на Русија. Играла и во Германија, Франција и Белорусија. Како јуниорка со Русија беше европски шампион. Таа е член на Астрахочка од 2021 година, а последниот меч го одигра на 2 април.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img